За нас

ИНВЕСТБРОКЕР АД СКОПЈЕ е еден од основачите на Македонската берза за хартии од вредност како и на Централниот Депозитар за хартии од Вредност, а со тоа е и воедно еден од креаторите на пазарат на капитал во РМ.

Фактот дека сме присутни од самиот почеток говори за успешноста на нашето досегашно работење. Традицијата, искуството и квалитетот се резултат на долгите години активно учество во функционирањето и развојот на работењето со хартии од вредност.

Основачкиот капитал на ИНВЕСТБРОКЕР изнесува 1.000.000 € и согласно законот на ХВ има дозвола да го врши сите видови услуги со хартии од вредност :

КРАТОК ХРОНОЛОШКИ РАЗВОЈ :

- 20.02.1996 - основано како организационен дел на Инвестбанк АД Скопје
- 1996 - основач и акционер на Македонска Берза АД Скопје
- 20.02.1998 - основано како брокерско посредничко друштво Макос - Инвестброкер АД Скопје
- 2001 - се основа ЦДХВ при тоа што Макос - Инвест Брокер е еден од основачите акционери
- 02.04.2004 - промена на називот во ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје

ПРЕВЗЕМАЊА НА АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА :

- 2004 - успешно е организирано превземањето на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци, преземено од М6 Светлана и останати ДОО Скопје
- 2006 - успешно е организирано превземањето на ФАКОМ, увоз-извоз, АД Скопје, преземено од Repro one limited B.V.I.
- 2007 - успешно е организирано превземањето на ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ, преземено од Societe Generale, Paris, France
- 2008 - успешно е организирано превземањето на СИЛЕКС БАНКА АД Скопје, преземено од Централна Кооперативна Банка АД Софија, Бугарија
- 2008 - успешно е организирано превземањето на ИНВЕСТБАНКА АД Скопје, Steiermärkische Bank und Sparkassen AG, Graz, Austria
- 2010 - успешно е организирано превземањето на СТАРТЕР БАНКА АД Куманово, преземено од Централна Кооперативна Банка АД Софија, Бугарија