Услуги

Основачкиот капитал на ИНВЕСТБРОКЕР изнесува 1.000.000 € и согласно законот на ХВ има дозвола да ги врши сите видови услуги со хартии од вредност :

купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на Клиентот;
купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;

Управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент ;
вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност ;

дејствување како покровител при котација ;

инвестиционо советување

извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласнот со законот за преземање на акционерски друштва ;

Како дополнителна услуга која не е условена од основачкиот капитал, а со која Ви излагаме во пресрет како резултат на долгогодишната соработка е пополнувањето на аконтативна даночна пријава ( ОБРАЗЕЦ ПДД - АДП - КД )