Берзански термини Download

Акција (Share) е сопственичка хартија од вредност која гласи на дел од основната главнина на АД. Таа е пренослива хартија од вредност.

Акционерско друштво (Join Stock Company) е друштво чиј основачки капитал е поделен на акции кои ги запишуваат и уплаќаат одделени акционери.

Берза на хартии од вредност (Stock Exchange) е организиран и регулиран секундарен пазар на хартии од вредност со строго утврдени правила за тргување и критериуми за хартиите од вредност со кои се тргува, како и за учесниците во тргувањето.

Брокер е посредник во тргувањето со хартии од вредност, кој настапува во свое име а за сметка на клиентите. Тој за својата услуга наплатува провизија, а освен посредништво може да дава и совети за инвестирањето во хартии од вредност.

Вкрстено тргување (Cross trading) е симултано, истовремено поднесување на два спротивни налози за тргување (за продавање и купување) од страна на ист брокер.

Данок на капитална добивка (Capital gain tax) е данок што го плаќаат физички и правни лица на добивката со продажба на хартии од вредност.

Достасување (Maturity) обично се користи за определување на рокот за исплата на обврзницата (главнината и каматата).

Добивка на дивиденда е однос помеѓу исплатена бруто дивиденда по акција и просечната цена на акцијата. Овој коефициент покажува колкав е повратот на средствата (во %) врз основа на дивиденда.

Запишување (Subscription) е купување на новоиздадени акции.

Инвестиционен фонд (Investment Fund) е друштво чија работа се состои од продавање, купување и чување на хартии од вредност.

Инсајдерство (Insider trading) е купување или продавање на акции врз основа на сеуште необјавена информација од издавачот на акцијата, која информација може да влијае на цената на акцијата.

Институционални инвеститори (Institucional Investors) се институции како пензиски фондови, инвестициони фондови и осигурителни компании.

Капитализација (Capitalization) е вкупната пазарна вредност на издадените акции на едно друштво.

Запишување (Subscription) е купување на новоиздадени акции.

Комисија за хартии од вредност (Securities Commission) е главен регулатор на пазарот на хартии од вредност. Комисијата ја регулира работата со прометот на хартии од вредност, ги донесува условите за формирање и работа и правилата на берзата, учесниците на берзата (брокерски куќи и банки), Централниот депозитар за хартии од вредност, инвестиционите фондови.

Котација Listing) е кога една хартија од вредност е котирана на Официјалниот Пазар на берзата.

Котирано друштво (Listed company) е друштво котирано на Официјалниот Пазар на берза ; неговите акции се котирани на берзите и со нив јавноста може слободно да тргува. Тоа мора да ги почитува правилата на Берзата за котација.

Куповна и продажна цена (Bid and ask price) е највисоката цена што еден дилер е подготвен да ја плати за некоја хартија од вредност во одреден момент, односно најниската продажна цена што би ја прифатил во истиот момент.

Номинална вредност (Face Value) е вредноста по која се издава хартијата од вредност. Номиналната вредност има карактер на историска категорија.

Обврзница (Bond) е хартија од вредност со која издавачот се обрзува дека на имателот на обврзницата, односно на лицето означено на обврзницата еднократно или на рати, односно ануитете, ќе му го исплати на одредениот ден износот на номиналната вредност и каматата. Исплатите на каматата можат да варираат за време на животниот век на обврзницата. Како издавачи се јавуваат државата, општините и друштвата. Обврзниците со достасување помало од 1 година се нарекуваат краткорочни, а над 1 година долгорочни.

Основен капитал е капитал на друштвото во форма на издадени акции, заедно со резервите и задржаната добивка.

Пазарна капитализација (Market capitalization) (a) Вкупната вредност на хартиите од вредност на едно претпријатие по тековни цени, односно вкупниот број на издадени акции помножен со пазарната цена на истите. (b) Вкупната вредност на сите хартии од вредност котирани на една берза или вкупната вредност на одреден вид на хартии од вредност по тековни цени

Пензиски фондови (Pension funds) се фондови кои државата, претпријатието или синдикатот ги инвестира за да обезбеди пензија за вработените. Важен извор на финансии на пазарот на капитал и инвестиции. Пензиските фондови можат во голема мера да влијаат на берзите, како и на целокупната стопанска активност на земјата.

Обични акции (Ordinary shares) е најчестиот вид на акции. Имателите на обични акции се заеднички сопственици на друштвото.

Примарен пазар (Primary market) е пазар за пласирање на новите хартии од вредност, како што се домашни и странски акции и обврзници, на инвеститорите од страна на организирана група субјекти која ја раководи емисијата. Приходите од продажбата на хартиите одат кај издавачот. Сите понатамошни купо-продажби на истите хартии од вредност се спроведуваат на секундарниот пазар.

Принос (Yield) е враќање на вложените средства во една инвестиција, земајќи го во предвид годишниот приход и неговата сегашна капитална вредност, кое е искажано на проценти, обично годишно ниво. Постојат неколку различни видови на принос а и различни методи за пресметување на секој од нив.

Превземање (Takeover) е стекнување на контролен пакет на акции во едно друштво по пат на откуп на неговите акции.

Учесник на пазарот (Market prticipant) е институција или поединец кои продаваат на пазарот од име на клиенти а за своја сметка.

Хартија од вредност (Security) според македонското законодаство под хартија од вредност се подразбираат акции во трговските друштва, обврзници, инструменти на пазарот на пари, акции и удели во инвестиционите фондови кои работат според Законот за инвестициони фондови, дериватни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност.

Цена на понуда ( Asked price) цена по која хартија од вредност се нуди за продажба. Учесниците на пазарот нудат куповни и продажни цени.

Цена на емитирање (Issue price) е цена по која хартиите од вредност се продаваат при емисијата. Ова може да биде по номиналната вредност, со дисконт или премија.

Цена на понуда ( Asked price) цена по која хартија од вредност се нуди за продажба. Учесниците на пазарот нудат куповни и продажни цени.

Централен депозитар за хартии од вредност (Central Securities Depozitary) е организација преку која се врши утврдување на обврските врз основа на трансакции со хартии од вредност и водење на регистар на хартии од вредност во РМ (акционерска книга)

Акционер (Shareholder) е лицето кое е сопственик на акциите. Сопственик се станува со запишување, односно купување, и уплата на износот по кој акцијата се продава.

Акционерски капитал е вкупниот број на акции одобрени за издавање или веќе издадени од страна на едно друштво (уплатен капитал).

Биков пазар (Bull Market) е метафоричен опис на пазарот на долгорочни хартии од вредност кога цените се во тренд на пораст. Спротивно е "Мечкин пазар".

Бест е Берзански Систем за Тргување ( кратенка за електронскиот систем на Македонска Берза).

Главнина е остаток од учество во сопственоста на друштвото после одземањето на сите обврски на друштвото, чиишто главни компоненти се: основна главнина, капиталот уплатен над номиналната вредност (премија на акциите), ревалоризациона и други резерви и аукумулирана добивка.

Дата на достасување (maturity date) е дата на откуп на обврзницата.

Девиденда (Dividend) е дел од профитот на акционерското друштво кој се исплатува на акционерите во согласност со одлуката на годишното собрание на акционери.

Дисконт е разликата помеѓу сегашната и вредноста при достасување на хартијата од вредност или купување на финансиските инструменти по цена помала од номиналната вредност. Спротивно од Премија.

Добивка по акција (earnings per share) е единица мерка за успешност на едно друштво што се пресметува како количник од нето добивката на издадени акции.

Капитална добивка (Capital gain) е пораст на вредноста на едно средство кога е тоа продадено или пренесено, во однос на неговата иницијална вредност. Инфлацијата и промените на девизниот курс може да влијаат на реалната капитална добивка. Капитална загуба е спротивна појава, односно кога едно средство се продава по цена пониска од онаа по која е набавено.

Книговодствена вредност (Book Value) е: (a) Вредност на друштвото утврдена преку односот на бројот на издадени акции и нето средствата. Позната и како нето вредност на осноцните средства. (б) Вредност на средствата прикажана во книгите на друштвото. Книговодствена вредност на една ставка е вредноста намалена за акумулиранта амортизација.

Добивка по акција (earnings per share) е единица мерка за успешност на едно друштво што се пресметува како количник од нето добивката на издадени акции.

Лимит на цена (Price limit) е максимално дозволен пораст и пад на цени за време на еден ден на тргување на Берзата. Исто така може да значи наведената цена во лимитираниот налог за тргување.

Малцински акционер (earnings per share) или група акционери кои поседуваат помалку од половината на гласовите, но во исто време поседуваат најмалку 10% од гласовите на Собранието.

МБИ (earnings per share) е официјален индекс на Македонската берза, кој се состои од акциите на 10 најликвидни друштва на Официјалниот пазар на берзата.

Мечкин пазар (Bear Market) е метафоричен израз на тренд на опаѓање на цените на хартиите од вредност на пазарот.

Налог " по пазарна цена" (At market) е налог на клиентот кој се реализира по било која цена на пазарот.Доколку пазарниот налог е за купување се прифаќа последната продажна цена понудена од пазарот, и обратно, кога се продава се прифаќа последната куповна цена на пазарот.

Налог "по најповолна цена" (At best) е налог на клиентот кој му се даваат инструкции на брокерот да ја постигне најповолната цена за хартијата од вредност. Со овој налог брокерот има дискреционо право кога да тргува.

Налог "по лимитирана цена" (Limit order) е налог на клиентот кој ја организира цената до која истиот сака да тргува. Лимитираниот налог за купување ја утврдува највисоката цена која клиентот сака да ја плати за хартијата од вредност. Брокерот налогот може да го реализира по лимитираната цена или по пониска цена. При лимитиран налог за продавање важи обратното.

Неофицијален пазар (Unlisted securites market) на Македонската берза сите хартии од вредност што не се тргуваат на официјалниот пазар се нудат за купо/продажба на неофицијален пазар, според истите процедури за тргување.

Портфолио ((Portfolio е сите хартии од вредност во сопственост на еден инвеститор. Со создавањето портфолио од разни акции, инвеститорот се обидува да го диверзифицира ризикот во неколку акции од различни компании и/или со тоа што комбинирано инвестира во различни финансиски инструменти, како на пример акции, обврзници и инструменти на пазарот на пари.

Понуда за продажба (Offer for sale) е метод според кој друштвото за прв пат ќе се појави на пазарот. Акциите можат да се запишуваат директно по фиксна цена. Проспектот кој што ги содржи деталите за продажбата мора да биде отпечатен во еден од дневните весници.

Превземање на ризик (Undetrwriter) е банка или инвестициона компанија која што го превзема ризикот за пласирање на одреден износ на нови обврзници или акции по пат на нивно купување и препродавање на инвеститорите. Понудената емисија може да се откупи во целост преку синдикат формиран за таа намена.

Приоритетни акции (Preference shares) се акции со фиксен принос кои на имателите на истите им даваат право на приоритет при исплаќањето дивиденда или ликвидација на друштвото во однос на имателите на обични акции, но дури по исплаќањето на каматите на имателите на корпоративни обрзници и другите кредитори.

Проспек (Prospectus) е информационен докуметн во кој компанијата ги наведува нејзините економски и финансиски перформанси, како и карактеристиките на нејзините хартии од вредност. Компанијата мора да ги објави овие информации, инаку нејзините хартии од вредност неможе да бидат објавени на дневната официјална листа.

Распон (Spread) - распон меѓу куповната и продажната цена на хартиите од вредност.

Разводнување (Dilution е намалување на учеството на една акција во нето добивката на компанијата по пат на зголемување на бројот на вкупно издадени акции.

Секундарен пазар (Secondary market) е пазар за купување и продавање на хартии од вредност по иницијалната емисија на истите на примарниот пазар. Приходите од продажбата на хартиите одат кај инвеститорите а не кај издавачите.

Скрип емисија (Scrip issue) е емисија на акции како резултат на префрлање на средствата од резервите во трајниот капитал на друштвото. Новоиздадените акции се дистрибуираат помеѓу постојните акционери во сооднос со бројот на акции што веќе го поседувале. Познат е како бонусна или скрип емисија.

Ценовно осетлива информација (Price sensitive information)
е информација која може да има влијание врз цената на акциите на друштвото, и затоа мора да биде пријавена на берзата.

Цена на побарувачка (Bid) е цена по која некој бара да купи акции.

Цена на понуда (Ask) е цена по која некој нуди да продаде акции.

Членка на берза (Ask) е фирма членка на берзата (брокерска куќа или банка) кои добиле одобрение од Комисијата за хартии од вредност и се примени од берзата за овластен учесник на пазарот/членка на берзата.